Разорен земјотрес во Кина, луѓето излегоа на улиците

by Fokus

Кина денеска беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил недалеку од градот Линши Ченгхуажен.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како луѓето во моментот на ударот почнале панично да истрчуваат на улица.

Спасувачките екипи се на терен во потрага по преживеаните и загинатите.

Локалните медиуми известуваат дека веќе на почетокот на спасувачката операција неколку преживеани биле извлечени од урнатините.

Во епицентарот се испратени вкупно 1.040 пожарникари, 140 противпожарни возила и 12 кучиња за потрага и спасување.

Поврзани новости