50
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска објавија дека успеале да посредуваат во ослободувањето на 100 руски воени заробеници во замена за 100 украински воени заробеници.
Руското Министерство за одбрана на Телеграм ја објави веста за „хуманитарното посредување“ на ОАЕ, а истото го соопшти и украинскиот претседател Володимир Зеленски и украинското тело за следење на размената на воени заробеници.
Министерството за надворешни работи на ОАЕ наведува дека ова е трет обид за посредување меѓу Русија и Украина, додавајќи дека повикува на дипломатија, дијалог и деескалација, пренесе државната новинска агенција ВАМ.