435
Задоволен после лидерската средба за уставните измени беше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Тој се надева дека ќе се продолжи со ваквите средби и во иднина, за доброто на државата.
„Разлики имаше, но средбата беше конструктивна. Доминираше рационалноста и смиреноста, сакам тоа да продолжи да се надминат разликите. Упатив апел да се вратиме на разумот. Ако се отворат прашања од минатото ќе не спречат да одиме кон иднината. Приоритет се даде на уставните измени – рече Ахмети.