Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд има заеднички сегмент од политичката кариера со поголемиот дел од челните политичари во ВМРО ДПМНЕ.
Имено, во февруари 2014 година, светската јавност беше шокирана откако на интернет каналот Јутјуб се појави снимка од телефонски разговор помеѓу Нуланд и американскиот амбасадор во Украина, Џефри Пјат, а во кој што американката со еврејски корени сочно ја опцу Европската Унија. Разговорот беше пренесен од сите водечки медиуми во светот, а транскриптата од разговорот сеуште може да се прочита на интернет страницата на BBC News.
,,Fuck EU( Заеби ја Европската Унија),, – му вели таа во разговорот на Џефри, на што тој согласно и одговара ,,Oh, exactly (Ох, точно),,.
Сепак, она што не им е заедничко на Викторија и на прислушуваните политичари од ВМРО чии што разговори ги слушна цела нација, е тоа што веднаш по објавувањето на снимката на Нуланд, портпаролот на Стејт Департментот, Џон Псаки ја потврди автентичноста на снимката и изјави „Викторија Нуланд е во контакт со нејзините колеги од ЕУ и, се рабира, им се извини“. Од ВМРО никој сеуште се нема извинето за непристојниот речник, и останаа при ставот дека се работи за сечени, лепени и монтирани разговори. Има разлика!