Разговорите на Гаши и Заев продолжуваат: Не сакаме да оставиме изговор дека сме нестабилни!

by Fokus

Премиерот Зоран Заев попладнево изјави дека  разговорите со Алтернатива продолжуваат идната седмица. Тој додаде дека одлуките се носат на органите и телата на партијата

„„Република Северна Македонија е исправена пред многу важен момент а тоа е очекувањата во декември конечно да ја оствариме големата цел, долгогодишното ветување од ЕУ, започнување на преговори за влез во Унијата и да ја закажеме првата меѓувладина конференција. Тоа е нешто кое мора да биде одговорност на сите во државата, затоа што не би сакале Северна Македонија да остави изговор пред ЕУ дека сме нестабилни и не се знае кој е парламентарно мнозинство во услови кога ќе се носат големите одлуки, рече Заев.

Поврзани новости