Електронска комуникација меѓу обвинетиот Миле Јанакиески и поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска, денеска беше презентирана на рочиштетот за случајот „Организаторите на 27 април“.
Материјалните докази објавени од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го опфаќаа период од 21 февруари 2017 година.
Интегралното читање на пораките меѓу обвинетиот Јанакиески и Качевска – Милевска, обвинителката Рускоска, го почна со порака пратена до Јанакиески од Милевска, „Миле, има нешто ново“, при што тој му одговара, со „не“.
Во продолжение на пораките меѓу Јанакиески и Канчевска, се зборува и за уметници од разни градови од државата. Обвинетиот Јанакиевски, во една од пораките до Канчевска, се жали за озвучувањето на еден протест пред Владата.
Според доказите што ги читаше обвинителката Рускоска, наведените лица се договарале Владо Јовановски, да се обрати на еден настан. Освен за Јовановски, тие се допишувале и дека на овие настани треба да се обратат познати лица и доктори. Разговорите на оваа тема се одвивале на 27 февруари 2017 година.
Слични разговори имало и после овој период, односно Канчевска, го информира обвинетиот Јанакиевски, дека пред Собрание ќе биде топ.
Дел од барањата на Милевска кон обвинетиот Јанакиески, се и барањата за обезбедување на свирчиња и труби. Освен електронската комуникација тие, како што произлезе од денеска презентираните докази имале средби и во седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Во една од пораките меѓу нив се вели дека „срамота е зошто докторите и професорите ги нема“.