Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека доколку започне забрзаниот прием на Косово во НАТО и другите меѓународни организации, Србија ќе изненади со својот одговор и ефикасност.
-Оној ден кога ќе бидат примени во која било меѓународна организација, тоа значи дека го поништиле договорот од Вашингтон и тој ден ќе ги дознаат имињата на неколку земји кои го повлекоа признавањето на независноста на Косово – изјави Вучиќ во Ниш.
Според него, поради конфликтот во Украина многумина ја гледаат глобалната ситуација како можност за решавање на косовското прашање и дека многумина сакаат забрзан прием на Косово во меѓународните организации.
Тој кажа и дека до Турција не била испратена протестна нота поради најавената поддршка за членство на Косово во НАТО, бидејќи имал закажан телефонски разговор со претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој „појаснил се што се пишуваше во медиумите“.
-Ако се случи да ја санкционираат руската нафта и се чини дека сè оди во таа насока, не знам каде сето тоа ќе заврши – истакна Вучиќ.