Разговор меѓу Силвана Бонева и Никола Груевски: Нема фирма во Струмица што не е изрекетирана

by Фокус

Според СДСМ станува збор за разговор меѓу Силвана Бонева и Никола Груевски.

СБ: Ќе треба да внимавате за рекетот и за се тоа што ми го кажувате, пресликано се е Струмица. Јас му кажав на Миле, за време на кампањата, он малку го излажа Ставревски, за да не му писка. Оти тоа било пред Миле, нели да стигне во Струмица, рекетот што се правел во фирмите во Струмица. Меѓутоа, рекетот не беше на почетокот на кампањата, туку негде до средина на кампањата течеше, и тоа ненормален рекет. Нема фирма што не е изрекетирана во Струмица. И многу лошо тоа се одрази на…
НГ: Кој рекетирал?
СБ: …на самата кампања. Славе Гошев.
НГ: Од кого?
СБ: Славе Гошев. Фирма нема што не е изрекетирана во Струмица…
НГ:Чекај, ама рекет, што е рекет?
СБ: И веќе е сосопственик на Вега…
НГ: Дали они барале спонзорство? Рекет е уцена, ако не ми дадеш, ќе те затворам. А, спонзорство е спонзорство. Му викаш ако можеш помогни ми.
СБ: Со се. Со закани, со закани и со таксување на најневозможни нешта за зимање пари. Со се и сешто. Немаше човек што….
НГ: Немам таква информација од никого јас таму, да ти кажам.
СБ: Е, па не Ви кажале. Ама Миле го подбра после Славе Гошев, и излезе така бел како крпа од состанокот, оти отворено го кажаа и од другите комитети слушнале исто, околните. Нели регионална имавме средби, и отворено кажаа оти рекетот е тргнат. И плус и тоа од УМС си беше дозволил, како го викаат, тој јас се што ви викав дека не гласам за него, се потврди на тие избори оти не треба да постои. И тоа беше тргнат од царинарник, да дипли пари од фирма на фирма и викале прво 50.000 и не кажувале што, и луѓето почнале да се жалат. Терале евра прво, па после ако не даде, на третиот пат му викале, а бе ајде за 50.000 денари ли си? И да ми викаат луѓето, а бе што не кажуваат оти 50.000 терат, нека станат, ја им ги 50.000.

Поврзани новости