755
Британскиот премиер Борис Џонсон во денешниот телефонски разговор со шефот на украинската држава Володимир Зеленски, ја пофали храброста на украинскиот претседател и народ, изјави портпаролот на Даунинг стрит.
– Варварските постапки на Путин не се тест само за Украина, туку за целото човештво, изјави Џонсон.
Џонсон и Зеленски ги осудиле убиствата на Брен Рено и безброј невини Украинци и киднапирањето на градоначалниците на Днепрорудни и на Мелитопол.
Британскиот премиер истакна дека Обединетото Кралство ќе продолжи да бара повеќе опции за зајакнување на самоодбраната на Украина, заедно со партнерите.
– Обединетото Кралство ќе продолжи да стои зад Украина во сите напори да се стави крај на овој катастрофален конфликт, истакна Џонсон.