0
На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски зборуваше за вчерашното разбојништво во позната продавница за бела техника.
Тој вели разбојниците од Нептун одзеле околу 10.000 евра.
-Одзеле негде околу 10.000 евра парична сума на средства и таа парична сума на средства пробале да ја изнесат од деловниот објект. Од страна на МВР, СВР и единицата за интервентна полиција веднаш е реагирано. Лицата се лишени од слобода на лице место, вели Тошковски.
Тошковски најави дека тројцата полицајци кои делувале, ќе бидат наградени. Според министерот, пукано било од полицајците, но нема повредени, туку како предупредување додека разбојниците бегале.