Вооружени крадци го ограбиле домот на голманот на ПСЖ, Александар Летелиер.
Како што пишува Le Parisien, голманот бил нападнат во куќа во Ивелин, а разбојниците со нож и се заканувале на неговата сопруга и на децата.
Крадците со тупаница ја удирале сопругата на францускиот голман во лицето додека таа ги држела двете малолетни деца и и се заканувале со смрт, а Летелиер морал да им предаде пари и накит на разбојниците.
Според француските медиуми, во грабежот учествувале четири лица, а тројца се веќе уапсени, меѓу кои и двајца малолетни. Во акцијата наводно бил повреден еден полицаец.
Ова не е првпат играчите на ПСЖ да бидат мета на криминалци, пред неколку месеци разбојници ја нападнаа ѕвездата на тимот, Џанлуиџи Донарума и полесно го повредија, додека во мај 2021 година криминалци упаднаа во куќата на Анхел ди Марија.