Полицијата и истражните органи разбија криминална група од Струмица, која се занимавала со продажба на наркотична дрога „хероин“.
Организатор на криминалната група е 45-годишниот В.С. од Струмица, лице со криминално минато, осудуван за тешки кривични дела, како и за недозволена трговија со дрога. Според полицијата тој организирал набавка на наркотична дрога „хероин“ во количини од половина килограм, која потоа ја препакувал во помали паковки (од еден до пет грама) и ја продавал по цена од 1.300 и 1.500 денари за еден грам на уживатели и дилери од Струмица и Штип.
„Во продажбата на дрогата бил инволвиран и Т.К. (49) од с.Добрејци- Струмица, кој по добиени насоки од организаторот, „хероинот“ го продавал од неговиот дом во с.Добрејци на уживатели и дилери“, велат од полицијата.
Акцијата почнала во почетокот на октомври 2019 година, во Штип, кога од страна на полициски службеници е лишен од слобода 33-годишниот В.М. од Штип, кај кого при личен претрес пронајдена е наркотична дрога „хероин“, која ја купил од В.С. од Струмица. Поради тоа СВР Штип против В.М. поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ .
На 25 и 26.10.2019 година во Струмица лишени од слобода се шест лица од Струмица за кои во истрагата е утврдено дека купувале наркотична дрога „хероин“ од В.С и Т.К..
„При претреси на седум локации во Струмица кај пет лица, меѓу кои и станот кој го користел В.С. во Струмица, пронајдени се околу половина килограм наркотична дрога „хероин“, спакувана во неколку кеси и смеса за мешање, 45.000 денари, 325евра, а запленети се двепатнички возила, кои биле користени за продажба на хероин.
По завршување на истрагата, СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С. и Т.К.за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против П.С. (42) од Струмица, за сторено кривично дело „помагање“ во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Од страна на судија на претходна постапка на В.С и Т.К одреден им е притвор во траење од 30 дена“, велат од МВР.
Од таму додаваат засилените активности на МВР за сузбивање на уличната продажба на наркотични дроги продолжуваат.