Раул: Треба да научиме да играме и без Кире, Чешка е финале за нас

by fokus

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез попладнево изјави дека утре ќе се знае дали капитенот Кирил Лазаров ќе игра на утрешниот натпревар против Чешка, но посочи дека играчите мора да научат да играат и без него.

Не знаеме дали ќе игра или не, добива третман, утре ќе видиме каква е ситуацијата и ќе одлучиме што ќе правиме. Треба да се обидеме да играме без него ако не може да настапи. Играчите се чувствуваат добро кога тој игра, но треба да се навикнат и кога Киро не може да игра, изјави Раул.

Тој додаде дека на утрешниот натпревар треба да гледаме како на финале, а со евентуална победа ќе играме најмалку за петто место на првенството.

 

Поврзани новости