426
Полицијата во Берлин и сојузната покраина Саксонија-Анхалт западно од главниот град започнаа голема рација против група осомничени шверцери на луѓе.
Повеќе од 20 станови и канцеларии, главно во Берлин, се претресени утринава, изјави портпаролот на федералната полиција.
Уапсени се пет мажи, од кои четворица во Берлин и еден во градот Хале во провинцијата Саксонија-Анхалт.
Под истрага се вкупно 18 осомничени. Бандата наводно шверцувала луѓе од Турција и Ирак во Германија.
Вкупно 400 полицајци од федералната и берлинската полиција, вклучително и специјалните сили како ГСГ 9, беа распоредени при рацијата.