Рации во Германија поради закани за џамии, партии, бегалски центри и медиуми

by fokus

Во Германија во тек се рации поради електронски пораки испратени од екстремно десничарски групи до џамии, политички партии, медиуми, центри за прием на мигранти, во кои се упатени закани со напади.

Рациите се спроведуваат во Баварија и три други германски држави, потврди полицијата, без да даде детали за акцијата.

Рациите се иницирани поради 23 мејлови испратени во рок од две недели во јули, во кои меѓу другото има закани и за бомбашки напади.  Заканувачките електронски пораки се потпишани од групите „Народен фронт“, „Борба 18“ или „Крв и чест“.

Поврзани новости