864
Полициски службеници од Полициската станица Центар и Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар ноќеска во 3 часот на подрачјето на Центар привеле 28 лица поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
– Постапувајќи по претходна пријава, а по обезбедена наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во дом на улица „Славејко Арсов“, кај В.Ѓ., при што се затекнати 28 лица присутни на домашна забава, соопшти МВР.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик.