Расте цената на златото

by fokus

Светските цени на златото растат во фонот негативни прогнози за економијата во САД, покажуваат податоците од њујоршката берза Комекс.

Јунските цени на златото пораснаа за речиси еден процент и се тргува за 1.773 долари за унца. За време на тргувањата денеска цената порасна речиси до 1.775,8 долари, што е највисоко ниво од септември 2012 година.

Цената на златото расте откако првиот човек на Федералните резерви на САД (ФеД), Џером Пауел, изјави дека невработеноста во САД во вториот квартал на 2020 година може да се искачи до 25 проценти, а економијата и БДП да се намалат за 20 отсто.

– Резултатите ќе бидат многу лоши, ќе има голем пад на економската активност, голема невработеност, изјави Пауел денеска за Си-Би-Ес.

Тој во средата изјави дека „големината и темпото на економскиот пад се незабележани досега уште од Втората светска војна“. ФеД не исклучува и нов колапс на американските финансиски пазари.

Поврзани новости