Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 121 долар по барел. Пред речиси еден месец барелот беше на ниво од околу 110 долари и помалку.
Цените на нафтата го забрзаа растот во текот на изминатата недела, бидејќи инвеститорите ги проценуваат изгледите за понудата и побарувачката поради започнувањето на американската летна сезона на возење и излегувањето на Кина од блокадата поради ковид.
Што се однесува до цените на криптовалутите на берзите, вредноста на биткоинот денес е 21.001 долар, што е пад од речиси 8% во споредба со вчера. Другите криптовалути се исто така се во минус.
Добрата вест е што паѓа цената на житарките. Цената на пченицата е 1.050 долари за тон, што е намалување за речиси 2 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 768 долари за тон.