Во анкетата која за порталот „МКД.мк“ ја спроведе агенцијата „Маркет вижн“ има драстична разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Она што паѓа во очи е што според анкетата, има зголемен број на граѓани кои се заинтересирани да излезат и да гласаат на изборите што ќе се одржат во мај идната година.
На прашањето за која партија би гласале, води ВМРО-ДПМНЕ каде предноста во однос на СДСМ е зголемена за разлика од претходната анкета и тоа од 21,8 отсто во февруари 2023 до 26,7% во декември.
Кај СДСМ опаѓа популарноста кај испитаниците, од 12,4 % во февруари до 9,2 % во декември.
На прашањето за која партија се убедени дека ќе победи на наредни избори дури 16,35 отсто од испитаниците сметаат дека е тоа ВМРО-ДПМНЕ, 5,95 отсто од ипитаниците се убедени во победата на ДУИ, а за СДСМ се определиле 5,65 отсто.