422
Се зголемува бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што ги погоди јужните делови на Турција и Сирија. Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека во таа земја загинале 24.617 лица.
Досега е потврдена смртта на 3.575 луѓе во Сирија, од кои 2.167 се во областите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, покажуваат податоците на невладината организација Бели шлемови.
Според сириските медиуми, уште 1.408 лица загинале во областите под контрола на владата.
Во меѓувреме, Светската здравствена организација стравува од голема здравствена криза, особено поради ширењето на колерата во Сирија.