650
Во општините Крива Паланка и Ранковце, денес се регистрирани нови шест случаи на заболени од Ковид-19, се наведува во извештајот на Министерството за здравство. Со денешните новозаболени бројот на активни случаи вирусот во овие две општини се искачи на 140.
Бројката на регистрирани случаи на Ковид-19 во Крива Паланка е во пораст во изминатите неколку денови, вчера беа регистрирани 11 случаи, а околу десет случаи дневно е просечната бројка на заразени со ова вирусно заболување поради што и општинскиот кризен штаб побара воведување дополнителни мерки на територијата на општината, со засилени контроли од надлежните служби.