Француските здравствени власти ќе обезбедат бесплатни тестови без упат за Ковид-19, додека внимателно го следат зголемувањето на бројот на заразени лица по укинувањето на мерките за карантин.
-Ние ова не би го опишале како втор бран, но јасно е дека сега гледаме очигледно зголемување на бројот на потврдени случаи, што беше во пад 13 недели, рече министерот за здравство Оливие Веран во интервју објавено во неделното издание на весникот Ле Парисиен, јави Ројтерс.
Франција пријави 30.192 смртни случаи како резултат на коронавирусот и вкупно 180.528 заразени, според податоците објавени во петокот.
Во земјата во еден ден има повеќе од 1.000 новозаразени, што отприлика бил дневниот број на заразени откако во мај се олеснати двомесечните мерки карантин.