Расте бројот на заразени од корона вирус во Словенија

by Fokus

Бројот на заразените со новиот корона вирус во Словенија се зголеми за 34 лица и сега изнесува 253, јави дописникот на МИА од Љубљана.

До 14 часот вкупно се тестирани 6.712 лица, соопштија од Кризниот штаб за борба против вирусот. Сомнеж за повеќе заразени има во домот за стари лица во гратчето Шмарје При Јелшах, каде што престојуваат 70 пензионери. По наредба на градоначалникот Матија Чакш бриз за тестирање е земен од сите вработени во домот.

Во меѓувреме на владина седница се донесени неколку закони кои се во насока за подобрување на борбата против корона вирусот. Еден од нив е и целосното запирање на воздушниот сообраќајот, кој в среда ќе се најде пред пратениците на итната собраниска седница.

Досега во Словенија поради корона вирусот едно лица почина.

Од утрово затворени се училиштата, градинките, сите културни и спортски установи, јавниот градски превоз, домашниот и меѓународниот железнички превоз и сите услужни објекти каде што може да има контакт меѓу луѓе, како фризерски и козметичарски салони.

Поврзани новости