Поради новиот бран на корона вирусот многу земји воведоа дополнителни ограничувања, вклучително и Велика Британија, која воведе карантин за патници од Франција и Шпанија.
По олеснувањето на мерките во почетокот на летото, многу земји сега воведуваат задолжително носење заштитна маска дури и на отворено.
Во Брисел, од средата е задолжително носење маска, додека во Париз, од денеска е проширен списокот со окрузи во француската престолнина каде што мора да се носат маски. Од денеска, Париската префектура забранува собирање на повеќе од десет лица ако не може да се гарантира физичко растојание.
Во светски рамки, повеќе од 760.000 луѓе починаа од корона вирус, додека над 21 милион луѓе се заразени.
Вирусот предизвика драматични економски последици, вклучително и рецесијата во Полска, што се случува првпат од крајот на комунизмот во таа земја.
Во последниве недели, во Европа се регистрираат поголем број заразени лица.
Во Шпанија, два дена по ред, бројот на заразени со корона вирусот е околу 3.000. Шпанските власти наредија затворање на ноќни клубови, забрана за посета на домови за стари лица и ограничувања на работното време на рестораните.