Расте бројот на загинати и повредени во нападот на родниот град на украинскиот премиер Володомир Зеленски Криви рог. Доаѓаат нови детали од Украина за последното гранатирање што го изведоа руските сили. Гувернерот Серхи Лисак вели дека се потврдени шест смртни случаи, а од 25 повредени, 19 се итно пренесени во болница по нападот на Криви Рог.
Пожарот ги зафатил сите пет ката од станбената зграда. Во друг напад во тој град се повредени уште четири лица, со што вкупниот број загинати и ранети се искачи на 35, додава Лисак.
Хуманитарниот координатор на ОН во Украина, Дениз Браун, остро го осуди нападот утринава врз Криви Рог.
„Руската инвазија уште еднаш однесе животи и им донесе страдања на граѓаните на Украина. Утрово напад на Криви Рих погоди станбена зграда, при што загинаа и рани многу цивили. Меѓународното хуманитарно право е јасно: цивилите и цивилната инфраструктура не се цели !” , рече таа Браун.
Вчера рускиот претседател Владимир Путин, во коментарите што ги објави Тасс, ја обвини Украина дека цели на цивили, велејќи дека тоа нема никаква воена смисла.
„Искрено, зошто непријателот напаѓа станбени области? Нема логика. За што, зошто, која е целта? И очигледно хуманитарни цели – тоа е неверојатно. И нема никаква воена смисла, тоа е нула“, рече Путин.