Расте бројот на новозаразени во Хрватска

by fokus

Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 130 новозаболени лица со Ковид-19, поради што во земјата има 686 активни случаи, од кои 35 се здравствени работници.

Во Хрватска вкупно инфицирани со новиот корона вирус се 5.870 луѓе, од кои 2.279 се во самоизолација, а вкупниот број на смртни случаи е 160.

– Нема значајни нови жаришта. Луѓето се враќаат од годишните одмори и имаме млади инфицирани лица. Кај новозаразените просечната возраст е 34 години, тие биле на различни места каде младите се забавуваат, изјави директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Цапак.

Тој потсети дека вчера е издадена препорака да не работат затворените делови од клубовите.

Тоа е втор ден со најголем број на новозаболени во Хрватска од 11 јули, кога беа регистрирани 140 случаи.

Поврзани новости