540
Бројот на лица од Кавадарци и Неготино кои се во домашна самоизолација се зголеми во споредба со вчера.
Ако до вчерашниот ден во Кавадарци имаше 37 лица во изолација, денес бројката изнесува 41 лице – информира СВР Велес.
Од нив 12 се со Решение во изолација, додека со изјава за самоизолација 29 лица. Во Неготино пак, од денес 20 лица се во домашна самоизолација, додека до вчерашниот ден бројката изнесуваше 18. Од нив со Решение се седум, а пак со изјава се 13 лица.
И во Велес бројот на лица на кои им се издадени решенија или пак потпишале изјава за самоизолација порасна од вчера, и изнесува 105 лица. Полициски служби редовно вршат контроли кај овие лица и во тек на вчерашниот ден не било забележано непочитување на мерките.
Вики Клинчарова