Според најновата анкета на ИРИ, 48 отсто од македонските граѓани сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока. Ова е зголемување за 9 отсто од претходната анкета на ИРИ која беше спроведена во декември минатата година.
Целиот извештај ТУКА
55 отсто од граѓаните одговориле дека во Македонија не постои слобода на говор и изразување. Анкетата покажува дека Македонците се најзагрижени за правецот во кој се движи земјата, како и за економската и политичката состојба.
58 отсто од испитаниците рекле дека државата е помалку стабилна од претходната година. Ова е скок за 27 отсто од последната анкета.
Процентот на граѓани кои ги подржуваат евроатлантските интергации на Македонија останува голем. 80 отсто од Македонците го подрржуваат влегувањето во Европската унија, а тој процент за влегување во НАТО е за 3 отсто поголем.