Расте бројот на донори на конвалесцентна плазма од лица излечени од корона вирус

by Fokus

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека досега се обезбедени 88 единици конвалесцентна плазма, од вкупно 53 донори. Со крвна плазма се третирани околу 70 пациенти.

„Секојдневно расте бројот на пријавени донори на конвалесцентна плазма од лица кои се излечени од корона вирус. Нивниот висок алтруизам е да помогнат на пациенти со изразена клиничка слика на COVID-19 болест. Апелирам до сите излекувани пациенти да даруваат крвна плазма за да им помогнат на пациентите кои во моментов се борат со вирусот“, изјави директорот на Установата, д-р Седула Усеини.

Само излекувани пациенти од корона вирусот можат да даруваат. Тие треба се пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина. Да бидеме хумани, да спасиме човечки животи.

ДА ГО ПОБЕДИМЕ COVID-19 Дарувај плазма, спаси живот

Поврзани новости