Расте бројката на загинати цивили во Украина: Од што настрадале најголем дел?

by Fokus

Канцеларијата за човекови права на Обединети нации (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 816 цивили се убиени, а 1,333 се повредени во Украина од почетокот на конфликтот на 24 февруари.

Вистинскиот број на загинати е веројатно значително поголем. ОХЦХР, која има голем мониторинг тим во земјата, се уште не може да ги потврди извештаите за жртвите од тешко погодените градови како Мариупол.

- Advertisements -

Поголемиот број од жртвите настрадале од експлозиви, гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи како и ракетни и воздушни напади, се истакнува во извештајот на ОХЦХР.

Поврзани новости