812
Во последниве денови е забележан пораст на случаи на ковид-19 кај лица што се враќаат од Балканот, а особено од Македонија, јавуваат локалните италијански медиуми.
Деновиве во таа област се регистрирани 23 Македонци, 7 Косовци и 5 Албанци позитивни на коронавирусот.
Вчера, пак, во областа Тревизо кај 72 повратници од Македонија, по направените тестови, било утврдено дека се позитивни на ковид-19. Двајца од заболените се хоспитализирани на интензивна нега, и тоа 37-годишна жена и 48-годишен маж.