Распродаден божиќниот концерт на Каролина во хотел во Другово

by fokus

Влезниците за најавениот божиќен концерт на Каролина Гочева, во хотелот Атва Ресиденс во Општина Другово, Кичевско, се распродадени, а интересот на јавноста за нејзиното гостување бил голем, потврдија од хотелот.

Од таму појаснија дека картите за настанот кој ќе се одржи на осми јануари наредната година се продавале по цена од 600 денари од лице, а потоа секој од гостите си го плаќал она кое ќе го порача од менито.

-Македонското девојче ќе ги запее најголемите хитови и ја носи божиќната магија поблиску до вас, наведено е во најавата за настанот на страницата на хотелот.

Изминатиот период Другово станува популарна дестинација за љубителите на концертите на наши поп музичари. Во хотелот секој викенд се актуелни најави за гостувања на познати музички имиња, како Лозано, Ѓоко Танески, Антониа Гиговска, Александар Тодороски… За дочекот на новата година ќе настапува Драган Џони Темелков. Според реакциите на посетителите, се работи за еден од најмодерните локали во Западна Македонија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости