Расправата за ребалансот на Буџетот продолжува утре

by fokus

Расправата за Дополнетиот предлог на измените и дополнувањата на Буџетот за 2017 година беше прекината во 17 часот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери продолжението на расправата по оваа точка го закажа за утре во 11 часот.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го повторија ставот дека со ребалансот на Буџетот се крати на капиталните инвестиции, се намалуваат парите за образованието, здравството, полицијата, армијата, се вработуваат партиски кадри, а обвинија и дека ќе се градат кампови за мигрантите.

Благој Бочварски од СДСМ реплицираше дека со зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари, 70.000 работници ќе имаат поголема плата.

Поврзани новости