Расправа за Атанско Тунески во Собрание, држел пресови на СДСМ, а бил и директор на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Пратениците во Собранието отворија расправа за предложените членови на Регулаторната комисија за енергетика. Меѓу предлозите од Владата е и името на Атанско Тунески, директор на МЕПСО кој беше назначен на оваа функција веднаш откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006 година, но разрешен од функцијата една година подоцна.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев, реагираше на ова кадровско решение, затоа што Туневски пред неколку години беше активен член на СДСМ и држеше прес конференции критикувајќи ја енергетската политика на ВМРО-ДПМНЕ. Тој презентираше фотографии од прес конференциите на Тунески и рече дека недозволиво е партиски кадри да членуваат во независни регулаторни тела.

На тоа регираше Горан Милевски од ЛДП, кој го потсети Цуклев дека Тунески бил и член на ВМРО-ДПМНЕ.

-Испуштивте да кажете дека беше претседател на комисија за енергетика и директор на МЕПСО во ваше време. Не ви сметаше Тунески кога беше директор на МЕПСО, ама сега ви смета. Тој е стручен експерт, професор на Машинскиот факултет. Можеби ви смета тоа што прво бил во ВМРО-ДПМНЕ, па после бил во СДСМ – рече Милевски

На тоа Цуклев реагираше за досегашниот претседател на Регулаторна комисија за енергетика Димитар Петров кој беше често критикуван од СДСМ.

-А Димитар Петров што беше, оџачар? Не беше експерт? Научете се, наставник сте по економија, да правите разлика меѓу политички кадри во претпријаа со доминантна државна сопственост и политички кадри во независни регулаторни тела, не може тоа да го поистоветувате. Толку – заврши Цуклев.

 

Поврзани новости