381
Распитот на пратеникот и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Димовски е одложен за петок. Причината за тоа е дека Собранието уште не му го одзело пратеничкиот имунитет кој го штити од прогон.
Од Комисијата за мандатно-имунитетни прашања информираат дека на Димовски треба да му биде одземен имунитетот.
За одлуката е потребно двотретинско мнозинство во Собранието, кое треба да расправа за неа на пленарна седница.