Распишана потерница за еден, а во најава и други за убиството на навивачот на АЕК

by Fokus

Грчката полиција се уште се обидува да открие кој го уби 29-годишниот навивач на АЕК Михалис Кацурис за време на хулиганските немири кои се случија во Атина пред повеќе од една недела.

Како што пренесува грчкиот портал Стар, ќе бидат издадени потерници по уште неколку хрватски и грчки хулигани, бидејќи е познато дека не се уапсени сите кои учествувале во нередите што се случија на 7 август. Според „Стар“, веќе е распишана потерница по грчкиот обвинет со иницијали А.Д. чија вмешаност во нередите произлегува од неговите објави на социјалните мрежи, каде тврди дека учествувал во инцидентите и дека властите го бараат.

Грчките медиуми пишуваат дека денеска се очекува да бидат распишани потерници за неколку Хрвати кои биле идентификувани преку возилата што ги запленила полицијата. Како што пренесува Стар, се работи за 4 до 5 нови потерници. Надлежните, пишува Стар, ќе се обидат да утврдат и кои се луѓето од Грција кои ги пречекале и ги „вооружиле“ хрватските хулигани.

Грчкиот портал Прототема вчера објави снимки од последните моменти на убиениот навивач на АЕК, Михалис Кацурис. Тие пишуваат дека полицијата има неколку видеа кои ги анализира, а преку кои се обидува да открие кој и како го убил 29-годишниот Грк.

 

 

Поврзани новости