Распишана меѓународна потерница за Груевски и Бошковски, осомничени за 27 април

by fokus

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Министерството за внатрешни работи достави Наредби за издавање на централни и меѓународни потерници за две лица.

За лицата за кои се донесени наредбите постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик. Имено, по спроведената предистрага, на 20 февруари годинава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за петмина, меѓу кои и за овие две лица кои се недостапни на органите на прогонот.

Тогаш, јавениот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за сите осомничени, при што на овие две лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена од нивното пронаоѓање.

Поврзани новости