Општина Штип која е организатор на фестивалот на забавни мелодии ,,Макфест” распиша конкурс за избор на композиции за 36-то издание на манифестацијата.
Информираат дека фестивалот ,,Макфест 2021” ќе се одржи вo втората половина на месец септември 2021 година во Штип. Во деновите на одржувањето на фестивалот предвиден е директен телевизиски пренос на фестивалските вечери.
Општина Штип во својство на организатор и покровител, на крајот на натпреварувачката вечер ќе додели седум парични награди.
Станува збор за сума од 11.000 евра, односно 5.000 евра за прва награда, 3.000 евра за втора и 1.000 евра за трета награда.
Исто така, предвидени се четири парични награди од по 500 евра за најдобра вокална изведба, за најдобар дебитант, сценски настап и наградата за аранжман ,,Драган Ѓаконовски – Шпато”.
Композициите кои ќе бидат избрани да учествуваат на фестивалот ќе бидат објавени на страницата на Макфест најдоцна до десетти мај годинава.
Вики Клинчарова