Расмусен му пиша на Ахмети

by Фокус

Генералниот секретар на НАТО, Андре Фог Расмусен, му испратил писмо на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во кое, како што информираат од партијата, Расмусен му се заблагодарил на Ахмети за неодамнешната посета во Скопје и ги поздравил неговите ставови.

„Јас одлучно ги поддржувам сите напори за да се охрабри разбирањето помеѓу различните заедници во вашата земја како и за промоција на зачленувањето на земјата во НАТО  и во Европската Унија“, стои во писмото на генералниот секретар на НАТО до лидерот на ДУИ.

Поврзани новости