Владата го задолжи Управниот одбор на Акционерското друштво „Водостопанство“ да го раскине менаџерскиот договор со директорот, Локман Љимани и наложи надоместоците за членовите на Управниот одбот во наредните 12 месеци да се намалат за 50 проценти.
Ова е заклучокот од владината седница на којашто се разгледуваше прашањето за акционерското друштво кое е во долгови и чии вработени излегоа на протест да си ги бараат платите.
-Владата ја разгледа Информацијата со план за активности за зголемување на приходите за 10 проценти и намалување на расходите за 20 проценти пристигната од АД „Водостопанство на Република Северна Македонија“, за која на една од претходните седници беше упатено барање од Владата за појаснување околу утврдувањето на зголемувањето на надоместокот на услугите и беше упатено барање за ревидирање на платите до АД „Водостопанство“, соопштија од Владата.
Од сега сите нови договори ќе се склучуваат со претходна сосгласност со Министерството за финансии.
-Во насока на намалување на расходите, Владата го задолжи АД „Водостопанство“ да ги намали капиталните инвестиции во износ од 100 милиони денари со што се намалува финансискиот план за износот кој што е предложен од нивна страна, соопштија од Владата.