Поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски кој е обвинет и кому му се суди за набавка на софтвер за сообраќајни казни и прекршоци, во интервју за Фокус тврди дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски знаел за овој софтвер.
Спасовски пак откако „пукна“ аферата со Рашковски тврди дека МВР има потреба од софтвер за безбедност во сообраќајот, но дека спорната набавка била на Владата, а не по нарачка на МВР. Сега Спасовски ќе набавува нов софтвер за надградба на „Сејф сити“ за да се исклучи човечкиот фактор, софтвер каков што веќе набавил Генералниот секретаријат.
ФОКУС: Спасовски тврди дека набавката е направена во Владата и не е набавка направена по нарачка на МВР?
РАШКОВСКИ: Со министерот Оливер Спасовски сме зборувале на оваа тема, го имам известувано за податоците до кои сме дошле во периодот на тестирањата, а сум му презентирал и видеоматеријал од тестирањата. Исто така, МВР е известено за спроведените тестирања, за што постои и официјален допис.
Инаку, денеска Апелацискиот суд му ја прифати жалбата на Рашковски и тој ќе се брани од слобода.
Рашковски во интервјуто за неделникот Фокус, одговара и на прашањата дали некој го „мести“, во какви односи е со Заев, но и за судскиот процес којшто му следува.
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК