Рашковски во вторник ќе одговори на обвинувањата за авантата од 7 милиони евра

by fokus

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, ги потсети ВМРО-ДПМНЕ дека во вторник ќе одржи прес конференција во врска со аудио снимката која ја објавија некои портали. Одговорот на Рашковски следи откако ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Рашковски во снимката договара аванта од 7 милиони евра.

„ВМРО ДПМНЕ најверојатно не може да сфати дека не се тие кои ја определуваат динамиката на нашето дејствување.
Кога веќе покажаа дека не разбираат англиски и не знаат што значи Letter of award, нека читаат дека уште завчера на македонски јазик е напишано дека во вторник ќе има прес конференција на оваа тема“, одговори Рашковски кусо.

Поврзани новости