Решението на Апелација со кое на Драги Рашковски му се заменува притворот со куќен притвор веќе стигнало и во истражниот затвор „Шутка“, поради што и набрзо ќе биде пуштен.
Директорот на затворот, Филип Андонов, за „Фокус“ изјави дека се чека полиција со чија што придружба Рашковски ќе биде спроведен до неговиот дом, каде што ќе ја издржува мерката куќен притвор.
Како што веќе објавивме, денеска Апелација одлучи да му ја замени мерката притвор на Рашковски со куќен притовор, но не ја зеде во обзир поднесената гаранција од 500.000 евра, со која бараше да се брани од слобода. Судиите одлучиле дека се уште има опасност Рашковски да вилјае врз сведоци, па поради тоа не ја разгледале гаранцијата.
Рашковски е осомничен бидејќи за него се води постапка затоа што како генерален секретар купил софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци иако Министерството за внатрешни работи тоа не го побарало и не го користи софтверот. Тој во истражниот затвор, односно во притвор, беше задржан неполни два месеци.
Валентина Вурмо