Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски во вечерашното гостување на Топ Тема рече дека разговарал со вработените со Секретаријатот кои земале плата, а не доаѓале на работа.
-Ги собрав за да разговараме за нивна распределба на други работни места според нивните квалификации. Само два-тројца од нив имаат факултетско образование, сите други се со средна стручна спрема. Ги прашав кој знае англиски, само еден дечко крена рака. Направивме муабет на англиски и му понудив да го распределиме на работно место каде има потреба од кадар. Две недели повторно не доаѓаше на работа. Кога го прашав зошто пак не доаѓа, рече дека сака да се солидализира со другите и да не работи ништо, рече Рашковски.
Тој рече дека во моментов дисциплинската постапка против овие лица е паузирана, поради распишувањето на локалните избори.