Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, тврди дека некој намерно го подметнал пожарот во тетовската депонија со цел да се одложи дислокацијата што требало да започне утре. На својот фејсбук профил, Рашковски прашува од чиј интерес е тоа.
„Владата на РМ обезбеди средства и склучи договор за дислокација и чистење на тетовската депонија, кој процес треба да започне во понеделник (утре). Некој тоа го знаел и затоа 2 дена пред да започне чистењето и дислокацијата ја запалил се со цел да не може да дојде до тоа или да се одложи процесот, притоа загрозувајки го здравјето на луѓето. Кому му е ова во интерес? Проценете сами..“, вели Рашковски.
Инаку, вчера во утринските часови изби пожар во депонијата поради што ужасна смрдеа се прошири низ цело Тетово. Во попладневните часови од Општината изјавија дека пожарот е под контрола и најавија кривични пријави против можни сторители.