Рашковски ќе го тестира софтверот јавно за да докаже дека функционира

by fokus

Не е точна тезата дека за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци не постои одлука, софтверот е набавен за потребите на владата, а не за потребите на МВР и тој е технички исправен, тврди поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски на кому му се суди за набавката на овој софтвер.

Одлуката за набавка на софтверот ја потпишал токму тој, според него законски, и немало потреба да се носи заклучок на владина седница, туку како генерален секретар имал целосно право да го направи тоа самостојно.

-Неточна е тезата дека за предметната јавна набавка за софтвер, не постои одлука за набавка. Тоа е одлука донесена во законска процедура, донесена од надлежен орган и е единствениот документ врз кој вие може да спроведете јавна набавка. Сѐ друго донесено надвор од оваа процедура е прекршување на Законот за јавните набавки. Одлуката е донесена од Генералниот секретаријат, односно јас како генерален секретар, рече Рашковски.

За набавката знаел и тогашниот премиер, Зоран Заев кој до последно го бранеше Рашковски и во писмена изјава тврдел дека се било наабавено законски и нема штета на буџетот.

За тезата дека не постои техничко исправен предаден софтвер тој вели дека тоа се дезинформации кои беа пласирани од сведоци за кои најави кривични пријави. За да го демантира сето ова тој ќе го тестира софтверот јавно.

-Нема да бараме од никој да ни верува на збор, туку имаме предложена комплетна реконструкција на целосна функционалност на софтверското решение со тоа што ќе избереме една локација, делница каде ќе ги тестираме функционалностите на самиот систем во живо, рече Рашковски.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Поврзани новости