Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски денеска ќе излезе од истражниот затвор „Шутка“ и ќе оди во домашен притвор, потврдуваат за „Фокус“ од Апелациониот суд.
Оттаму појаснуваат дека второстепениот суд одлучил дека на Рашковски ќе му ја заменат мерката притвор со куќен притвор, бидејќи покрај опасноста за бегство, се уште има опасност и за влијание врз сведоци.
Токму поради ова судиите во Апелација не ја земале во обзир понудената гаранција од Рашкоски, во износ од 500.000 евра, за која пак вишиот обвинител Наум Пановски даде позитивно мислење. Доколку гаранцијата му беше прифатена, тогаш Рашковски ќе се бранеше од слобода.
Сепак денеска судиите одлучувале по однос на притворот и досудиле поблага мерка.
Рашковски е осомничен бидејќи за него се води постапка затоа што како генерален секретар купил софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци иако Министерството за внатрешни работи тоа не го побарало и не го користи софтверот. Тој во истражниот затвор, односно во притвор, беше задржан неполни два месеци.
Валентина Вурмо