Рашиди: Киднапираа пратеник и сега прават нова Влада

by Fokus

Нашата цел беше да ја собориме Владата на Заев зашто имаме програма за борба против корупцијата. Но таа наша битка всушност, ја доби власта откако киднапира еден пратеник и, еве денеска сме тука на седница за избор на нова Влада која е само континуитет на досегашната, рече пратеникот од Алијанса за Албанците Сурија Рашиди.

Тој рече дека тоа е сега минато и oцени дека во програмата на мандатарот Димитар Ковачевски има голем број ветувања кои со години стојат само на хартија.

Рашиди истакна дека особено ДУИ ја партизира јавната администрација како на државно, така и на локално ниво, а оваа партија тие кадри ги раководи со партиски директиви кои, нагласи, ако не се слушаат, се губи работа. За пример наведе директорка на училиште која, рече, е хумана па затоа излегла од рамките на директивите.

 

 

Поврзани новости