Рашиди до СДСМ и ДУИ: Не се обидувајте да придобиете пратеници, може да одговарате за „купување пратеници“

by fokus

Пратеникот Суреја Рашиди од Алијансата на Албанците, обвини дека владејачките СДСМ и ДУИ се обидуваат да „купат пратеници“.

„Не се обидувајте, како што се обидувате, да придобиете пратеници од опозицијата во албанскиот блок. На крајот можете да одговарате за настојување за купување пратеници и за изигрување на гласачката војла. Потсетете се како дојдовте на власт во 2017 година. СДСМ тогаш не беше победник на изборите, ама дојде на власт поради криминалите на Никола Груевски и на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, рече Рашиди.

Поврзани новости