524
Руската државна телевизија „Раша Тудеј“ ќе отвори свое претставништво во Србија, објавија српските медиуми, а оваа информација ја потврди и уредникот на рускиот портал Спутник во Белград.
Станува збор за телевизија која од март е забранета од ЕУ поради „охрабрување и поддршка на руската агресија“ против Украина, а нејзиното реемитување беше запрено и во Македонија.
Советот на ЕУ уште во март ја суспендираше медиумската дистрибуција на руските државни канали „РТ“ и „Спутник“ низ територијата на Унијата, при што санкциите ги опфаќаат сите средства за пренос, како што се кабелски, сателитски, „IPTV“ , ТВ платформи, веб-страници и апликации и суспендирани се сите релевантни лиценци, овластувања и договори за дистрибуција.